пожар

Забрането движење на мостот „Беласица“ и за пешаци

12.05.2023 12:31

Целосно е затворен, за сообраќај и за пешаци мостот „Беласица“ на Вардар, што ги поврзува „Ист Гејт мол“ и железничката станица. Увидот сè уште трае по изгаснатиот пожар што синоќа по полноќ избувна поради запалена инсталација и систем за парно греење...

Опожарена електричната и топловодната инсталација, оштетувања на мостот се последиците од синоќешниот пожар под мостот „Беласица“-информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Пренасочувањето кај мостот „Беласица“, ќе трае до негово санирање-додава тој.

Во меѓувреме трае увидот од МВР за утврдување на причините за пожарот кој зафатил површина од 2.000 м2, во близина на бензиска пумпа. Допрва ќе се утврдува и материјалната штета.

 

 

 

Александра Велинова