Србија

Лајчак во посета на Белград

12.05.2023 12:34

По Приштина, специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во Белград на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ...

По Приштина, специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во Белград на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Главна тема на состаноците е спроведувањето на договореното во Брисел и подготовка за следните чекори.

Косовскиот премиер Курти, изјави дека официјална Приштина е заинтересирана за целосно спроведување на Охридскиот договор. Тоа е прва посета на Лајчак на Белград и Приштина, по средбата Вучиќ-Курти на 2-ри мај во Брисел, каде што беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица, но не беше постигнат напредок во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово.