Судан
Во Судан договорен пристап за хуманитарна помош, нема примирје
12.05.2023 12:38
Завојуваните страни во Судан потпишаа договор, со кој се дозволува пристап до хуманитарна помош. Продолжуваат преговорите за привремено примирје...

Завојуваните страни во Судан потпишаа договор, со кој се дозволува пристап до хуманитарна помош. Продолжуваат преговорите за привремено примирје.
Претставници на војската и на паравоената група, кои се во конфликт речиси еден месец, потпишаа изјава во Џеда, Саудиска Арабија, со која се обврзуваат да ги заштитат цивилите.
По шестдневни преговори, претставници на генералите Бурхан и Хемети, ветија и дека ќе дозволат обновување на електричната енергија, водата и другите основни услуги.
