Македонија

Саем за кариера за вработливост на студентите од битолски ФИКТ

12.05.2023 13:27

Иако од поодамна не е под знак прашање вработувањето на високообразовниот кадар од информатичко-комуникациските технологии, битолскиот ФИКТ го организираше првиот Саем за кариера за вработливост на студентите. На саемот присутни над 20 компании од земјава, кои признаваат дека стопанството сè уште чувствува глад за ваквиот кадар…

Идните дипломци и над 20 најпознати компании во директна комуникација на првиот Саем за кариера за вработливост организиран од Факултетот за информатички и комуникациски технологии. Едните горди што за нивната идна професија од поодамна вработувањето не е по знак прашалник и што можат одблиску да се запознаат со потребите на стопанството, а претставниците на компаниите задоволни што на самото место можат да се претстават и да ги детектираат оние кои по своите афинитети најдобро би се вклопиле во нивните програми.

Гладот на стопанството за вакви кадри, сè уште не е заситен велат од компаниите, но апелираат покрај потпишаните меморандуми за соработка факултетот да ги приспособува студиските програми согласно со иновативните производствени технологии.

Од УКЛО велат дека вакви саеми ќе бидат почесто организирани бидејќи на тој начин се овозможува зацврстување на соработката на трите важни столба-академијата, бизнис секторот и студентите.

Стевче Митревски