Македонија

ЈО работи на заканата на социјалните мрежи од страна на штипскиот матурант

12.05.2023 13:59

Матурантот од Штип кој вчера заработи пријава заради објавување на заканувачки содржини на инстаграм, беше задржан во полиција 24 часа. Јавното обвинителство денес испитува дали пораката која во основа не содржи изречни директни закани упатени кон некого...

Матурантот од Штип кој вчера заработи пријава заради објавување на заканувачки содржини на инстаграм, беше задржан во полиција 24 часа. Јавното обвинителство денес испитува дали пораката која во основа не содржи изречни директни закани упатени кон некого, би требало да се протолкува дека имала заканувачка намера.

Извршен е претрес во домот на лицето, се вршат разговори со пријавениот, неговото семејство и соучениците и се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Во штипската гимназија има засилено полициско присуство, а пријавениот е ослободен од настава до 18-ти мај.