Политика

Продолжува расправата на Комисијата за европски прашања за законските измени за коридорите 8 и 10-д

12.05.2023 14:29

Опозицијата не е против изградбата на коридорите 8 и 10-д, туку се спротивставува на криминалниот договор со „Бехтел и Енка што го парафира двоецот Груби-Ковачевски. Според нив е недозволиво договорот да се држи во тајност од пратениците и јавноста. За владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира процесите за реализирање на важен инфраструктурен проект од стратешки интерес...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на коридорите 8 и 10-д, туку се спротивставува на проектот со „Бехтел и Енка“ кои, според нив е криминал од епски размери за кои директно се одговорни двоецот Груби-Ковачевски, категорични се пратениците на опозицијата кои дебатираат во Комисијата за европски прашања. Според нив, инфраструктурата е пожелно да се гради на рамноправна основа, во сите региони во земјава, и да се определат приоритети врз основа на национална стратегија.

Владејачкото мнозинство, во одбрана на градежниот проект. Велат дека со овие закони што ги предлагаат во Собранието, ќе се овозможи поефикасно, поевтино и навремено завршување на автопатските делници од коридорите што ги поврзуваат Бургас со Драч. Опозицијата нема да го спречи напредокот на земјава во сообраќајната инфраструктура.

Опозицијата најави амандмани на петте закони кои ги предложи Владата, рокот за дебата е најмногу до два дена поодделно, за секој од овие закони. Доколку поминат на Комисија, зелено светло треба да даде и Собранието на пленарна седница.

Игор Панов