Македонско-Бугарски односи

Односите помеѓу Македонија и Бугарија условени од политиката

12.05.2023 14:43

Уставните измени, отворањето на бугарските клубови, забраната за влез на бугарски пратеник го зголеми стравот од двете страни на границата. Тензиите меѓу двете земји најголема штета му направија на бизнисот и инвестициите...

Македонија и Бугарија контактираат меѓусебно само кога нешто лошо ќе се случи. Уставните измени, отворањето на бугарските клубови, забраната за влез на бугарски пратеник го зголеми стравот од двете страни на границата. Тензиите меѓу двете земји најголема штета му направија на бизнисот и инвестициите, беше речено на дебата за улогата на граѓанското општество во односите помеѓу Скопје и Софија.

Односите меѓу двете земји се условени од политиката, смета поранешната пратеничка Никица Корубин. Таа со предлог граѓаните на двете земји во наредниот период да најдат начин во позитивен правец да ги развиваат културата на дијалог и дебатата. Смета дека тензиите во двете земји ќе се намалат со гласањето на уставните измени.

Наместо постојано да се фокусираме на она што не дели треба да работиме на тоа што не зближува. Историските проблеми да ги надминеме а да се фокусираме на инвестициите, образованието, културата – смета Вања Петрова од центарот за следење на демократијата во Софија. Посочи дека иако двете земји се многу блиску лошата инфраструктура е тоа што најмногу ги оддалечува.

Дебатата е во рамки на проектот „поврзување на граѓанските општества: Северна Македонија и Бугарија“, поддржан од чешката амбасада во Скопје и е во организација на центарот за европски стратегии.

 

 

Викторија Милевска