Судство

Канческа-Милевска ослободена од вина за предметот „Тендери“

12.05.2023 14:44

Претседателот на судечкиот совет образложувајќи ја пресудата, посочи дека во ниту еден момент јавниот обвинител не ја докажал вината...

Елизабета Канческа-Милевска и нејзините две соработнички, кои се товареа за обвинението „Тендери“ добија ослободителна пресуда. Претседателот на судечкиот совет образложувајќи ја пресудата, посочи дека во ниту еден момент јавниот обвинител не ја докажал вината.

Одбраната задоволна од пресудата. Обвинителството најави жалба до Апелација.

Во овој предмет таа беше обвинета од поранешното Специјално обвинителство, за злоупотреба на функцијата при изградбата на Скопје 2014.

Катерина Топалова