Медицинските сестри не се задоволни од покачувањето на платата
Медицинските сетри не сакаат да го коментираат последното покачување на платите во јавното здравство. Велат незамисливо е да земаат плата која е близу до минималната. Посочуваат дека не се платени доволно за обемот и одговорноста на работа. Ќе разговараат со синдикатите за своите права, ако не успеат подготвени се на радикални чекори...

Медицинските сестри незадоволни од последното покачување на платата. Велат, недостоинствено е да се коментира бидејќи никаде во регионот медицинските сестри не земаат плата до републичкиот минимум. Ќе бараат поактивно вклучување на синдикатите, но според нив тешко одат преговорите со Министерството за финансии.
Велат, ако сите здруженија се согласат може да преземат и порадикални мерки за да ги слушнат надлежните.
Последниот попис покажа дека во земјава недостасуваат 50% медицински сестри. За година дена, уште 450 го напуштиле јавното здравство, заминале во странство, во приватното установи, во пензија.
Околу 1.500 медицински сестри работат со договор на дело и со години земаат хонорар од 12.000 денари.
Наташа Јанчиќ-Менковски
