Попусти во маркети
Почна потрошувачката треска пред Нова Година

Македонија по примерот на Америка почна со празнични попусти. Некои македонските продавници во чест на „black friday“ги симнаа цените на своите производи до 80%.
Рекламите за намалени цени дури до 80 проценти , предизвикуваат голем интерес за купување. Македонските продавници бараат начин како да ја обезбедат својата продажба , па преку најразлични попусти ги продаваат своите производи. За потрошувачите ова е начин како да се заштеди, за некои само реклама.
Менаџерите велат дека во своето работење сакаат да внесат американски и светски стандарди . Според нив еднаш месечно попуст е сосема доволен бенефит и за потрошувачите и за компанијата . Потврдуваат дека продажбата е зголемена за речиси 40 проценти.
Терминот Црн петок во Америка значи дека американците можат да се впуштаат во луд шопинг со што започнува сезоната на попусти. Дали и Македонија полека станува дел од тој синџир.
