Хрватска

На хрватскиот премиер му се заканувале, полицијата пред Влада

12.05.2023 17:39

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес изјави дека утринава била упатена закана до него и до членовите на Владата и додаде дека интервентната полиција е пред Бански двори...

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес изјави дека утринава била упатена закана до него и до членовите на Владата и додаде дека интервентната полиција е пред Бански двори.

Неколку полициски возила беа паркирани пред Бански двори, а зградата на Владата ја обезбедувале припадници на интервентната полиција.

Според Пленковиќ, државните институции постојано делуваат за да ги спречат обидите за насилно уривање на власта.

„Ја имавме таа расправа на комисијата за национална безбедност. Имаше две групи кои се многу јасно идентификувани, кои поврзуваа одреден круг луѓе со на насилно урнување на уставниот поредок. Сега имаме една закана. Во моментов единица на интервентната полиција е пред владата. Утринава повторно имаше закана од тој вид и кон мене и кон членовите на владата. И тоа се случува постојано. Ние мора да работиме на сузбивање на таквите групи“.-На кој начин?-Така што ги ангажираме сите служби кои се занимаваат со тоа. Затоа беше објавен и извештајот, да го запреме ова“, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ.