Србија

Во Белград заврши протестот против насилството

12.05.2023 21:39

Во 18 часот пред Собранието на Србија во Белград започна вториот протест „Србија против насилството“...

Во 18 часот пред Собранието на Србија во Белград започна вториот протест „Србија против насилството“.

Протестот го организира дел од опозицијата која бара одговорност од властите за двете масовни убиства што се случија минатата недела во Србија.

Собирот почна пред Собранието, од каде граѓаните пеш се упатија по улицата Кнеза Милоша до мостот Газела, кој беше блокиран.

Собирот заврши по околу 3 часа, а следниот собир е најавен за следниот петок.