Мајами со нов брејк против Бруклин, Портланд преживеа со Сан Антонио
Во НБА плеј-офот, шампионот Мајами дојде на чекор до источното финале со победата од 102-96 на гости кај Бруклин за водство од 3-1 во полуфиналната серија. Блескава лидерска вечер имаше Леброн Џејмс со 49 поени, што е клупски рекорд на „жешките“ воопшто во разигрувањата досега. Забележа и шест скокови и три украдени топки. Двејн Вејд уфрли 15, а Крис Бош придонесе со 12 коша, додека во редовите на Нетс 18 поени постигна Џо Џонсон, а Пол Пирс 16 коша.

Мајами ќе може да го потврди конференциското финале во петтиот меч од серијата на домашен паркет, исто како и Сан Антонио, којшто ја пропушти првата меч-топка во западното полуфинале со Портланд. Блејзерс триумфираа на свој терен со 102-93 и намалија на 3-1 најмногу по заслуга на Демијан Лилард, којшто заврши со 25 поени. ЛаМаркус Олдриџ запиша 19, а Вил Бартон 17 коша, додека кај Спарс прв стрелец беше Тони Паркер со 14 поени.