Во Струмица останаа само двајца часовничари, нема интерес кај младите за овој занает
Во Струмица останаа само двајца часовничари а расте интересот кај струмичани од нивните услуги. Митко Трендов тврди дека од овој занает може да се живее но наскоро целосно ќе изумре. Никој од младите не сака да биде часовничар иако своевремено го учеле овој занает…

Своевремно десетина а сега само двајца часовничари во Струмица кои се во поодминати години. Овој занает полека изумира иако расте интересот кај струмичани за поправка како на нови така и на стари часовници. 70-годишниот Митко Трендов со години се обидува да најде некој што ќе го замени но не му успева. Поминале неколку млади но набргу се откажале од овој занает.
Трендов вели дека може да се живее и прихранува семејство со овој занает само ако си посветен на работата. Без труд нема добивка вели Митко, кој вели дека давачките на занаетчиите не се големи.
Од Занаетчиската комора соопштија дека во струмичко радовишкиот регион пред две децении имало регистрирано околу 1.500 занаетчии а сега се водат 430 лица претежно фризери, козметичари, угостители.
Ване Трајков
