Прилеп

Ќе се прогласи „Културен комплекс Блаже Конески“

13.05.2023 12:12

Во Небрегово ќе биде прогласен „Културен комплекс Блаже Конески“, во процедура е новиот Закон за употребата на македонскиот јазик со задолжителни лектори во институциите и инспекторат, а за година и половина се очекува новиот правописен речник. Забрзано треба да се зголемува грижата за мајчиниот јазик...

Советот за македонски јазик токму од Небрегово покрена иницијатива, а и донесе одлука родната куќа на Блаже Конески, училницата во училиштето каде учел прво одделение, да бидат прогласени за „Културен комплекс Блаже Конески“. Ова е значајно и за развојот на македонскиот јазик и за делото на таткото на стандардниот јазик.

За година и половина треба да излезе новиот Правописен речник што прецизно ќе објасни како се пишуваат, изговараат и акцентираат зборовите во македонскиот јазик.

Во собраниска процедура е новиот Закон за употреба на македонскиот јазик за стабилен и јасен стандарден јазик во сите документи, задолжително вработување лектори и инспекторат кој ќе ја следи правилната официјална употреба на мајчиниот јазик.

 

Елизабета Митреска