ТУРЦИЈА

Утре во Турција претседателски и парламентарни избори

13.05.2023 09:49

Земјата е на историска пресвртница – избираат меѓу двајцата фаворити за претседателските избори кои нудат различни патишта за иднината...

Утре во Турција се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Земјата е на историска пресвртница – избираат меѓу двајцата фаворити за претседателските избори кои нудат различни патишта за иднината. По повеќе од 20 години на власт, Реџеп Тајип Ердоган ветува силна, мултилатерална Турција и отворање на шест милиони работни места и го обвинува Западот дека се обидува да го урне од власт.

Главен противник на 69-годишниот претседател е Кемал Киличдароглу, челник на секуларната, центро-левичарската републиканска народна партија, поддржан од широка опозиција, сака да ја насочи земјата-членка на НАТО кон прозападна, подемократска позиција.