Договор за заштита на цивилите во Судан
Неколку стотици илјади луѓе се внатрешно раселени, соопштија Обединетите Нации...

Околу 200.000 луѓе побегнале од Судан поради смртоносните борби што избувнаа во средината на април. Неколку стотици илјади луѓе се внатрешно раселени, соопштија Обединетите Нации. Организацијата го поздрави договорот со кој завојуваните страни ветија безбеден транспорт на цивили и испорака на хуманитарна помош.
„Генералниот секретар се надева дека оваа декларација ќе осигури дека операцијата за помош може да се зголеми брзо и безбедно за да се задоволат потребите на милиони луѓе во Судан“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на Обединетите нации.
Суданската војска и паравоените сили на земјата, Силите за брза поддршка ветија дека ќе го ублажат хуманитарното страдање низ целата земја, иако примирјето останува неостварливо. Дипломатите на САД и Саудиска Арабија посредуваа во договорот, познат како „декларација за посветеност“.
