ВЕЛЕС

Премиера во велешки театар, ќе се изведе „Лепа Ангелина“ од Благоја Ристевски Платнар

13.05.2023 11:20

Вечерва на сцената на велешки театар ќе биде изведена премиерата на претставата „Лепа Ангелина“ од Благоја Ристевски Платнар а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Ова е втора премиера годинава на велешки театар…

Вечерва на сцената на велешкиот театар премиерно ќе се изведе претставата „Лепа Ангелина“ работена во текст на Благоја Ристевски Платнар а во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски. Тој по втор пат се навраќа на дело на Платнар по „Летни Силјане“. Вели дека во ова претстава се обидува да ја испере од лицето на Лепа Ангелина, неправедно фрлената кал.

Ова е втора изведба на текстот на „Лепа Ангелина“ на сцената на македонските театри, по таа на МНТ од октомври 1995 година кога беше поставена од Владимир Милчин. Болен Дојчин го толкува Жарко Спасовски а Лепа Ангелина е Талија Настова.

Ова е втора премиера на велешки театар годинава. Музиката во живо на сцената ја изведуваат Сашко Костов и Орхидеја Дукова.

 

Петар Печков