Под мотото „Да се биде“ отворен 24-от по ред Фестивал на монодрамата во Битола
Две вонконкурентски театарски претстави и 13 монодрами од 110 земји носи 24-тото издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата - единствената ваква манифестација во земјава и една од поретките на Балканот. По 15 години се враќа и конкурсот за текст на македонска монодрама...

Во знакот на традицијата, со класична театарска претстава овојпат со „Жени во собрание“ на скопскиот театар „Комедија“ синоќа се подигна завесата за 24-тото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Од денеска трите сцени ќе бидат отстапени за монодрамите во официјалната конкуренција. Љубителите на оваа уметност велат знаат зошто е привлечен овој фестивал.
Фестивалот со близу две и пол децениска традиција годинава го носи мотото „Да се биде“. Организаторите велат порака која одговара на случувањата од последниве години но и препознатливоста на фестивалот на светската мапа.
Фестивалските денови ќе бидат пополнети и со богата оф програма, стручни работилници а по 15-сет години се обновува и конкурсот за текстови за македонски монодрами.
Потег кој ќе придонесе за понатамошен подем за домашната монодрама која на годинешново издание има три претстави во официјалната конкуренција. Фестивалот се затвора на 20 Мај со доделување на наградите и претставата „Нема струја за електричниот столб“ на велешкиот театар.
Стевче Митревски
