израел
Пропаднаа обидите за прекин на огнот во Појасот Газа
13.05.2023 13:51
Израелската војска бомбардираше стан на командант на исламски џихад во густо населена населба...

Продолжија израелските воздушни напади врз цели на палестинските милитанти во Појасот Газа, додека странските посредници продолжуваат со напорите да се постигне прекин на огнот. Израелската војска бомбардираше стан на командант на исламски џихад во густо населена населба.
Оттаму, пак, истрелани низа ракети кон јужен Израел, каде што на милиони Израелци им беше наложено да останат блиску до безбедните соби и засолништа за бомби. По Хамас, Исламски џихад е втората највлијателна вооружена група во Појасот Газа.
Смртта на цивилите предизвика осуда од арапскиот свет и загриженост од САД и Европа.
