Обвинителство

Обвинителстото даде завршни зборови во предметот „Софтвери“

13.05.2023 16:24

Обвинителката Ивана Трајчева во завршните зборови за предметот „Софтвери“, побара затворска казна за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски...

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева во завршните зборови за предметот „Софтвери“, побара затворска казна за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски. Според неа, таа успеала да ги докаже незаконските дејствија, па очекува осудителна пресуда.

Го повика судот, обвинетите да ја надоместат штетата од над 18 милиони денари, на првообвинетиот да му се конфискува имот, а за двајцата професори, од кои еден е Рашковски да биде изречена забрана за вршење професија. Овој случај се однесува на набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.