Почина примариус д-р Методија Томевски
Беше истакнат педијатар, потпретседател на Здружението на педијатри, автор и коавтор на повеќе од 40 стручни и научни трудови...

Почина примариус д-р Методија Томевски. Беше истакнат педијатар, потпретседател на Здружението на педијатри, автор и коавтор на повеќе од 40 стручни и научни трудови. Десетина години беше стручен уредник на списанието „Здравје“, уредник на Педијатрискиот информатор и член на Здружението на новинарите на Македонија.
Томевски е роден 1938 година во Брајчино. Работеше во детско – школскиот диспанзер во Козле, беше началник на Одделението за педијатрија при Здравствениот дом – Скопје, учествуваше на многу симпозиуми и конгреси во земјата и во странство. Неговите колеги велат дека Томевски бил вистински пријател на децата.
Ќе остане запаметен по неговата хуманост и посветеност на професијата.
