САД

Мигрантите заглавени меѓу Тихуана и Сан Диего

13.05.2023 18:25

Тие со денови се заглавени меѓу двата гранични ѕида што ја делат Тихуана од Сан Диего...

Влезот во ветената земја и натаму неизвесен за мигрантите од Хаити, Куба, Никарагва и Венецуела. Тие со денови се заглавени меѓу двата гранични ѕида што ја делат Тихуана од Сан Диего.

Адвокатите за миграција ги советуваат мигрантите да користат апликација за закажување термин за разгледување на барањето за азил и да ги наведат причините зошто ја напуштиле татковината. Администрацијата на Бајден воведе строги мерки за азил.