МВР

Приведени двајца крадци, расчистени 4 кривични дела

13.05.2023 18:33

Осомничени извршители на кривичните дела се Џ.С.(19) од Кочани и еден малолетник...

Вчера по преземени мерки и активности полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип лишија од слобода две лица и расчистија четири кривични дела тешка кражба, извршени на 11/12.05.2023 на подрачјето на Кочани. Осомничени извршители на кривичните дела се Џ.С.(19) од Кочани и еден малолетник.

Тие биле приведени во полициска станица и по комплетирање на случаите против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.