репортажа

Животот во потпелистерското село Горно Орехово

14.05.2023 13:11

Потомците се обидуваат барем во викендите да го вратат животот во потпелистерското село Горно Орехово, кое до пред шест децении имало околу 280 жители, а сега само петмина. Селото е познато и по духовното светилиште „св.Петка“, каде за Ѓурѓовден доаѓаат жените кои немаат рожба...

Иако од Битола е оддалечено десетина километри негативните демографски потреси не го одминале ниту потпелистерското село Горно Орехово кое важи за природна рајска убавина.

Тешко е да се живее во место каде нема продавница ниту прва медицинска превентива вели највозрасната жителка, 77-годишната Снежана Амиџовска.

Нема да дозволиме селото целосно да згасни велат потомците кој во викендите и празниците го враќаат жагорот во селото. Горди се велат на местоположбата на селото и што нивните предци некогаш во тогашните мразарници со голема мајсторија произведувале мраз од кој зависеле битолските дуќани.

Дека заложбите се искрени говори и парохискиот свештеник кој до пред некоја година не паметеше кога последен пат венчавал или крштевал дете во селската црква „Св.Петка-Римјанка“

Селото надалеку е позната и по исцелителната моќ на локацијата викана „Дупен камен“ каде доаѓаат жените кои копнеат по прва рожба.

Сепак за да ова село живее и фреквенцијата биде уште поголема неопходно е надлежните да се посветат на подобрување на патната и останатата инфраструктура.

 

Стевче Митревски