Помали трошоци при плаќање во странство со „СЕПА“

13.05.2014 16:07

Стандардите се применуваат во 28 земји во ЕУ, а Македонија ќе почне да ги применува кога ќе стане членка...

Македонскиот банкарски систем се подготвува за прифаќање на европските „СЕПА“ стандарди кои ќе значат помали трошоци за компаниите при плаќање во странство.

Стандардите се применуваат во 28 земји во ЕУ, а Македонија ќе почне да ги применува кога ќе стане членка.

„Република Македонија не е се уште вклучена во овој систем. Тоа е двостран процес, но постојат можности за приближување и да успееме да ги намалиме трошоците за плаќањата во другите држави. Народната банка размислува во таа насока и во Стратегијата се предвидени одредени активности“, изјави гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Тој додаде дека спроведувањето на овој систем е подолг процес кој Народната банка и банките во Република Македонија ќе треба да го приспособат, што подразбира и инвестиции.

Претседателот на Здружението на банкарство, Ѓорѓи Јанчовски, истакна дека со нив се добива зголемување на ефикасноста на платните системи и намалување на трошоците. Проценките покажуваат дека ефектите од СЕПА би биле намалување за европската економија од 2-3 проценти од БДП.

СЕПА е развиен систем во кој плаќањата меѓу земјите функционира како плаќањето во земјата.