временска прогноза

Облачно време со повремени врнежи од дожд

14.05.2023 08:51

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 18 степени.