МВР

12 санкционирани возачи на мотоцикли, 10 мотоциклисти исклучени од сообраќај на подрачјето на СВР Битола

14.05.2023 09:02

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 18.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 12 возачи. Од нив, 4 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 3 мопеди биле нерегистрирани, еден возач бил под дејство на алкохол. За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.