Во Албанија локални избори
Трката за новата локална власт се води главно меѓу Социјалистичката партија на Рама и коалицијата „Победуваме заедно“ во која е и крилото на демократите на Сали Бериша...

Во Албанија се одржуваат локални избори, трети по ред по новата територијална поделба усвоена во 2014 година. Трката за новата локална власт се води главно меѓу Социјалистичката партија на Рама и коалицијата „Победуваме заедно“ во која е и крилото на демократите на Сали Бериша.
Изборите се карактеризираат со рекордна бројка на кандидати, како за градоначалници, така и за општински советници. Шест кандидати претендираат за прв човек на општина Тирана, каде актуелниот градоначалник Ерион Велиај, кандидат на владејачката социјалистичка партија, по третпат ја бара довербата на граѓаните на албанската метропола.
