Од понеделник по втор пат во Велес театарски Фестивал на комедија „5ре“
Седум претстави на Фестивалот на комедијата „5ре“ посветен на Петре Прличко во Велес. Добитник на актерската награда за животно дело е Јордан Витанов…

Следната седмица Велес ќе живее во знакот на театарот, се одржува вториот Фестивал на комедијата „5ре“ посветен на Петре Прличко. Така градот го продолжува сеќавањето на нивниот сограѓанин Прличко, на кого се горди. Годинава на програмата се седум театарски претстави, но и една детска.
Минатата година сите претстави се играа пред распродадени сала, така што годинава организатор има сам пред себе обврска да ја повтори оваа слика. На програмата се гостувања на театрите од Штип, Куманово, Охрид, МНТ, театар Комедија, како и стендап актерот Жарко Јовановиќ и регионалната ѕвезда Драган Маринковиќ Маца.
Од лани на овој Фестивал се доделува наградата за животно дело Петре Прличко, а годинашен добитник, жирито одлучи да биде актерот Јордан Витанов, од велешки театар. Нему наградата ќе му биде врачена на отворањето, понеделник.
Петар Печков
