ГЕРМАНИЈА
Зеленски во посета на Берлин
14.05.2023 11:47
На одделни локации беше пречекан од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и од премиерот Олаф Шолц...

Под силни безбедносни мерки, украинскиот претседател пристигна во Берлин на средби со државниот врв. На одделни локации беше пречекан од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и од премиерот Олаф Шолц.
Во пресрет на посетата, вчера Германија објави дека ја зголемува воената помош за Киев во вредност од 2,7 милиони евра. Зеленски се обидува да ја зајакне поддршката од клучните сојузници во борбата против руската инвазија.
Пред Германија, ги посети и Рим и Ватикан.
