Појас Газа

Кревко примирје меѓу Палестина и Израел

14.05.2023 11:53

Прекин на огнот меѓу Израел и Исламски џихад постигнат со посредништвото на Египет за крај на петдневните жестоки борби не се почитува во целост...

Прекин на огнот меѓу Израел и Исламски џихад постигнат со посредништвото на Египет за крај на петдневните жестоки борби не се почитува во целост. Двете страни си разменија оган набргу по објавувањето на договорот. Ракети летаа од и кон Појасот Газа.

Предупредувачки сирени и експлозии се слушнаа и во пошироката област на Тел Авив. Израелската војска тврди дека досега биле нападнати над 370 палестински позиции и дека се убиени шестмина високи членови на џихадот. За пет дена врз Израел се истрелани над 1.200 ракети.

Ова е најжестокиот конфликт меѓу израелската армија и Исламски џихад од август минатата година и се заканува ескалација.