Југоисточниот и Вардарскиот регион заеднички ќе го решаваат проблемот со отпадот
Југоисточниот и Вардарскиот плански регион заеднички ќе го решаваат проблемот со отпадот при што за општините од овие два региони се планира изградба на заедничка депонија во Општина Василево. Како што кажа министерката за екологија Каја Шукова од заемот на Европската банка од 55 милиони евра, во првата фаза се планира изработка на техничка документација за депонијата кај Добрашинци…

Со заем од Европската банка, Југоисточниот и Вардарскиот регион заеднички ќе управуваат со отпадот, а ќе се гради и регионална санитарна депонија по европски стандарди во Општина Василево. Вака најави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова откако пред повеќе години пропадна идејата за изградба на регионална депонија за 10-те општини од Југоистокот.
Министерката за животна средина Каја Шукова подвлече дека во наредниот период планира на општините да им додели садови за првична селекција на отпадот а притоа ќе се спроведува и кампања меѓу населението за значењето на овие регионални депонии.
10-те општини од Југоистокот пред една деценија беа на чекор да изберат фирма која ќе гради депонија кај Добрашинци и ќе управува со отпадот од овој дел на државата, но откако пропаднаа преговорите заради цената, државата одлучи Југоисточниот и Вардарскиот регион имаат заедничка депонија во општина Василево.
Ване Трајков
