Тетово

Малолетничката деликвенција е во пораст

14.05.2023 12:19

Запоставеноста на децата од родителите, но и системот, како и се почестото користење на социјалните мрежи со неморални содржини, го зголеми малолетничкото кривично престапништво во полошко. Марихуната последниве години ја има и во основните училишта, таа како и потешките дроги се веќе лесно достапна за децата…

Се потешки кривични дела, регистрираат Центарот за социјални работи Тетово и полицијата, чии извршители се малолетници. Во тепачките користат ножеви и ладно оружје, а се евидентираат и тешки кражби извршени од децата.

Поради брзиот начин на живот, родителите се помалку имаат време за нив, а и системот недоволно им обрнува внимание. Па, тие најчесто се предаваат социјалните мрежи кои сервираат неморални и ризични содржини, велат психолозите.

Кај нив и дрогата зема замав, која е достапна и во самите училишта. Превентивата е најдобар начин да се оттргнат од ваквите девијантни појави

И од полицијата речиси секој месец евидентираат по неколку малолетници кои користат, но и продаваат дрога, најчесто марихуана и кокаин.

 

Зоран Димовски