евросонг 2023

Швеѓанката Лорин е победничка на 67-то издание на Евровизија

14.05.2023 08:37

Со вчерашната победа таа стана втор изведувач во историјата кој двапати победил на Евровизија...

Шведска со Лорин и песната „Tattoo“ победи на Евровизија 2023. Ова е нејзина втора победа на натпреварот, откако победи за Шведска во 2012 година со песната „Euphoria“.

Со вчерашната победа таа стана втор изведувач во историјата кој двапати победил на Евровизија. Досега тоа го има направено само ирскиот кантавтор Џони Логан, кој победи во 1980 и 1987 година.

На големото финале на 67-то издание на Евровизија кое се одржа вечерва во Ливерпул се претставија 26 земји учеснички.