Во Албанија избори за градоначалници и советници
Гласањето поминува непречено, со одредени проблеми околу функционирањето на апаратите за електронска идентификација, во неколку избирачки места...

Во Албанија се одржуваат локални избори на кои граѓаните избираат нови градоначалници и 1.063 членови на советите во 61 општина. Гласањето поминува непречено, со одредени проблеми околу функционирањето на апаратите за електронска идентификација, во неколку избирачки места.
Свои кандидати имаат 44 партии, од кои 38 се надвор од двете коалиции „Заедно победуваме“ предводена од партијата на Илир Мета и „Десна либерална алијанса“ предводена од партијата на Артур Роши. Полицијата го уапси кандидатот на опозициската коалиција на Сали Бериша и Илир Мета за општина Химара, Алфред Белери, под сомнение за корупција.
Премиерот Еди Рама реагираше дека евентуалното кршење на законот мора да биде докажано. Се огласи и официјална Атина-апсењето на Белери ќе влијаело на односите со Албанија.
