МВР
Приведено лице од гостиварско поради сторено кривично дело „пустошење на шума“
14.05.2023 15:24
Имено, на место викано „Старо школо“ во с. Добридол пронајдени и одземени се околу 30 м3 огревни дрва, без соодветна дозвола (без шумски жиг), а кои претходно пријавениот бесправно ги исекол...

Вчера во 18.35 часот во с. Добридол, гостиварско, од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода З.Ш.(50) од с. Добридол, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“, казниво по чл. 226 од Кривичниот законик.
Имено, на место викано „Старо школо“ во с. Добридол пронајдени и одземени се околу 30 м3 огревни дрва, без соодветна дозвола (без шумски жиг), а кои претходно пријавениот бесправно ги исекол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
