СРБИЈА
Презентирано предаденото оружје во Србија
14.05.2023 13:55
Српскиот претседател уште еднаш ги повика сите граѓани да го предадат оружјето до 8-ми јуни без санкции, а потоа државата ќе реагира, а казните ќе бидат високи...

Недалеку од Смедерево беа изложени 13.500 парчиња нерегистрирано оружје, муниција и мини-експлозивни направи што Србите ги предале на властите. Српскиот претседател уште еднаш ги повика сите граѓани да го предадат оружјето до 8-ми јуни без санкции, а потоа државата ќе реагира, а казните ќе бидат високи.
Според Вучиќ, одлуката за разоружување на Србија е важна за безбедноста, особено по масовните убиства во Белград и во Младеновац.
