кабинет

Промоција на публикација „Солидарност - од надминување кризи до одржлив развој“

14.05.2023 17:10

Публикацијата содржи тринаесет авторски трудови на тема солидарност, и е изработена по повод одбележувањето на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје со цел поттикнување на јавната дискусија околу важноста на солидарноста во развојните цели и градењето на отпорни општества...

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на промоција на публикац насловена „Солидарност - од надминување кризи до одржлив развој“, подготвена од страна на канцеларијата на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Скопје, преку Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

Публикацијата содржи тринаесет авторски трудови на тема солидарност, и е изработена по повод одбележувањето на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје со цел поттикнување на јавната дискусија околу важноста на солидарноста во развојните цели и градењето на отпорни општества.

Покрај претседателот Пендаровски на настанот ќе се обратат Марина Валтер, заменичката на регионалната директорка за Европа и Централна Азија на УНДП, Владимир Десков, ко-автор на есејот „Изградба на градот на солидарноста“ и Ненад Марковиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).