ВЕЛЕС
Се запали локомотива од товарен воз на ЈП „Македонски железници“ кај Велес
14.05.2023 21:23
Машиновозочат ја откачил локомотивата во моментите кога огнот пламнал, за да не се прошири пожарот...

Локомотива од товарен воз на ЈП „Македонски железници“ се запалила попладнето во близина на железничката станица во Велес. Машиновозочат ја откачил локомотивата во моментите кога огнот пламнал, за да не се прошири пожарот.
Од ЦУК информираа дека интервенирале противпожарни екипи кои сè уште се на терен, а железничкиот сообраќај на пругата е во прекин. Во пожарот нема повредени лица.
