ТУРЦИЈА

Ердоган во водство на изборите во Турција

14.05.2023 22:27

Жестока битка водеа актуелниот претседател Ердоган и кандидатот на опозицијата Киличдароглу. Изборите донесоа голема неизвесност...

Претседателски и парламентарни избори во Турција. Жестока битка водеа актуелниот претседател Ердоган и кандидатот на опозицијата Киличдароглу. Изборите донесоа голема неизвесност.

Ердоган има водство, иако опозицијата тврдеше дека нивниот кандидат е во пол-позиција. На парламентарните избори најмногу гласови за блокот предводен од партијата на Ердоган.

Изборното соочување се одржа во тешки услови додека земјата се соочува со инфлација и се бори со последиците од земјотресите.