Временска прогноза

Променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд

15.05.2023 08:36

Променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец...

Денес ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 12 степени, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно време, претежно попладне со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната утринска температура ќе се движи до 11 степени, а максималната дневна до 21 степен.