Украина
Продолжуваат битките во Бахмут
15.05.2023 09:17
Се разгоруваат битките во Бахмут, Европската Унија и Г7 забранија увоз на руски гас на рутите на кои Москва лани ги прекина испораките...

Се разгоруваат битките во Бахмут. Франција им ветува на Украинците десетина оклопни возила и тенкови. Европската Унија и Г7 забранија увоз на руски гас на рутите на кои Москва лани ги прекина испораките.
Во меѓувреме, командата за воздушна одбрана на Северна Америка соопшти дека американски борбени авиони пресретнале шест руски авиони во меѓународниот воздушен простор во близина на Алјаска.
