Фијат Цаноски се повлекува од политиката

13.05.2014 16:16

Лидерот на ПЕИ Фијат Цаноски со писмено соопштение ја извести јавноста дека се повлекува од политичката сцена.

„Сакам да ја информирам домашната и севкупната јавност дека се повлекувам од функцијата претседател на Партијата за Европска Иднина, а воедно и од политичката сцена во Македонија. Одлуката ја носам како морален чин, а е израз на лошите изборни резултати што партијата ги постигна на последните парламентарни избори“ вели Цаноски.

Тој им се заблагодари на сите досегашни подржувачи. До свикување на наредниот конгрес, со ПЕИ ќе раководат партиските тела и органи согласно статутот на партијата.