Собрание

Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите

15.05.2023 09:57

Денеска треба да се расправа за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Опозицијата даде забелешки на носењето на законите со европско знаменце и по скратена постапка, а обвинија и дека се носат измени, без да го видат договорот.

Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка.

Членовите на Комисијата во петокот ги одбија амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на предлог- законот за измени на Законот за работни односи, кој е прв од петте закони во кои треба да се интервенира согласно договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делници од Коридорите 8 и 10-д.

Денеска треба да се расправа за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Опозицијата даде забелешки на носењето на законите со европско знаменце и по скратена постапка, а обвинија и дека се носат измени, без да го видат договорот.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера уште еднаш порача дека нема да се дозволи кочење на законските решенија за коридорите во Собранието.