СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе Скопје пред банкрот
Околу 100 милиони евра годишно изнесува Буџетот на Градот а дополнително при преземањето на власта Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наследија плус од 13 милиони евра, соопштуваат од СДСМ.

Неспособноста и кавгите за рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска и се причините што денес Град Скопје е со блокирана сметка и му се заканува банкрот. Околу 100 милиони евра годишно изнесува Буџетот на Градот а дополнително при преземањето на власта Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наследија плус од 13 милиони евра, соопштуваат од СДСМ.
Парите се потрошени, а за сето време додека се на власт во Скопје нема ниту еден проект нема довршување ниту на наследените а јавните претпријатија крпат крај со крај. Тоа е срамно и недозволиво, нагласуваат од партијата.
Денес СДСМ ќе поднесе иницијатива за одржување на седница на Советот на која ќе се расправа за тешката финансиска состојба во Градот. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат каде завршиле стотици милиони евра пари на граѓаните, стои во соопштението.
