Албанија
Пали Колефски реизбран за градоначалник на Пустец
15.05.2023 10:09
На вчерашните локални избори во Албанија, довербата да биде прв човек на општина Пустец жителите повторно му ја доверија на Пали Колефски...

На вчерашните локални избори во Албанија, довербата да биде прв човек на општина Пустец жителите повторно му ја доверија на Пали Колефски, кој и во изминатите четири години беше на чело на општината.
Според првичните информации, за Колефски гласале 63,8 отсто, додека за неговиот противкандидат Панди Јани 36, 2 отсто.
