Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немаат идеја па го копираат ВМРО-ДПМНЕ, прво трибините па слоганот

15.05.2023 10:11

ВМРО-ДПМНЕ направи трибини, сега и СДС почна трибини, и тоа со слоган кој е комбинација на два победнички слогани на ВМРО-ДПМНЕ „Резултати сега“ од локалните избори 2005-та и „Има разлика“ од 2014-та година, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС е добро што ги прифаќаат и копираат кампањите на ВМРО ДПМНЕ, но лошо е што немаат никакви резултати за да се пофалат. ВМРО-ДПМНЕ направи трибини, сега и СДС почна трибини, и тоа со слоган кој е комбинација на два победнички слогани на ВМРО-ДПМНЕ „Резултати сега“ од локалните избори 2005-та и „Има разлика“ од 2014-та година, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што СДС шнајдерска повторува слогани од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека немаат идеја, ниту план. Добро е што се инспирирани од ВМРО-ДПМНЕ, но лошо е што не разбрале за да прават кампања дека треба да има што да кажат. СДС тоне во безидејност и неспособност, нагласуваат од опозициската партија.