Оркестарот на Филхармонија и денеска на протест пред Министерството за култура
Иако Министерството за култура вети дека интензивно ќе работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати, поминаа скоро два месеца, а одлуката се уште не е променета, соопштуваат од Синдикатот на Филхармонијата.

Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно ќе одржи протест пред Министерството за култура, бидејќи, како што соопштија, уште немаат конкретен одговор, ниту решение во врска со одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија.
Иако Министерството за култура вети дека интензивно ќе работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати, поминаа скоро два месеца, а одлуката се уште не е променета, соопштуваат од Синдикатот на Филхармонијата.
Ова не е политичка борба и ниедна политичка партија не стои зад нашите ставови и цврста определба. Ова не е борба против нашите колеги. Ова е заедничка борба на 108 вработени во Филхармонија против штетната одлука која ја донесе Министерството за култура, велат од Синдикатот.
