Кошарка

Бостон е вториот финалист од плеј-офот во НБА лигата

15.05.2023 10:35

Најзаслужен за триумфот на Селтикси беше Џејсон Тејтум кој оствари рекорд по бројот на поени во седмите натпревари во историјата на лигата со 51 поен, воедно запиша 13 скока и пет асистенции...

Бостон е вториот финалист во Источната конференција од плеј-офот во НБА лигата, откако во седмиот решавачки меч дома со 112:88 ја совлада Филаделфија. Најзаслужен за триумфот на Селтикси беше Џејсон Тејтум кој оствари рекорд по бројот на поени во седмите натпревари во историјата на лигата со 51 поен, воедно запиша 13 скока и пет асистенции.

На спротивната страна за Сиксерси, Тобајас Херис со 19 поени, два помалку имаше Тајрис Макси, додека најкорисниот играч за оваа сезона Џоел Ембид постигна 15 поени и осум скока. За пласман во големото финале Бостон ќе се бори со Мајами Хит.